September 23, 2019 22:30
Македонија

Села: Нашиот предлог е дека СЈО треба да се зачува, а обвинителството да го води обвинител од странство

“Нашиот предлог е дека СЈО треба да се зачува, а обвинителството да го води обвинител од странство, од некоја од земјите на Европската унија или САД,  Зијадин Села од Алијансата на Албанците денеска го повтори својот став во врска со Законот за СЈО.

Зијадин Села денеска изјави и дека е револтиран поради односот на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ бидејќи ја игнорираат опозицијата во албанскиот блок. Според Села, ова се прави поради лични причини на партиските моќници од сите три партии кои сакаат да се спасат од истраги на СЈО. Според него, бомби имало за сите, па дури и за актуелниот вице-премиер Бујaр Османи и тоа за слујот “Рекет”.

„Го осудуваме таквиот однос на премиерот на државата кој се однесува ноншалантно спрема опозицијата. Ваквото однесување во иднина нема да го дозволиме.Неприфатливо е и однесувањето на трите политички партии кон амандманите што Алијансата за Албанците ги има поднесено за законот за јавно обвинителство. Ние имаме поднесено повеќе амандмани од сите политички партии заедно, околу 30, и не е дозволиво ниту со Деловникот на Собранието некој да избира неколку амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ и од СДСМ а на другите амандмани дури да им се одземе правото да се дебатираат пред јавноста за да види кој е нашиот предлог“, се пожали Села.

Тој бара Алијансата да се вклучи во преговорите за Законот за обвинителство, но и за други важни прашања како пописот.

Нови вести

Платите да не се покачуваат, парите да не се враќаат!

Igor

Усеини повикува на протест поради рушење на дивоградбите во Охрид

Igor

Манчевски: Отворени се 50 илјади работни места, платите растат

Igor