April 11, 2021 12:34
Македонија

Села и Гаши поднеле интерпелација за Спасовски, ќе поддржат и гласање за доверба на Владата

Интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за вчерашниот скандал со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков поднела коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, информираа лидерите, Зијадин Села и Афром Гаши на прес конференција.

Тие додадоа дека ќе го поддржат и предлогот за довеба на Владата, и за ново парламентарно мнозинство, за како што велат конечно да престанат скандалите во државава.

-Не водат и владеат со нас лажговци, а не одговорни политичари. Уште еднаш ги повторувам зборовите на Заев кога беше опозиционер. Заев тврдеше дека невини луѓе лежат во затвор за „Монструм“, дека вистината е многу болна. Кажуваше сценарија кога ќе биде објавена вистината оти била многу болна и да не наштети на меѓуетничките односи. Заев денес никаде го нема а партијата на прес конференција порачува  дека не теба да се мешаме во судски одлуки.  Кога лажеше Заев? Лажеше тогаш или лаже сега.  Ова не е лага која се фрла за да се добие власт, туку се работи за чувства на родители кои изгубиле најмили и на родители чии невини блиски ќе одат во затвор. Заев треба да даде оставка оти гласови доби и од Албанците дека ќе ја каже вистината за „Монструм. Нема правна држава туку има здружување на бившите противници во една криминална власт. Гледаме сценарија во боливудска режија – рече Села.

Гаши повтори дека ги повикуваат земјите членки на ЕУ да донесат тим судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат сите монтирани политички процеси од „Монструм“, „Алфа“, па се до „27 април“, но и според него, монтирани судски случаи од осамостојувањето до сега, за како што вели, сите корумпирани политичари да одговараат оти само така ќе има правна држава. Според коалицијата, ние имаме судии и обвинители кои се прилагодуваат на партиите кои се на власт.

Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 2 at website https://crunchyrollfree.com anime stream

Jujutsu Kaisen (TV) (https://funimationfree.com/m/YXDd) Episode 19 at website https://funimationfree.com. See more free anime