October 17, 2019 09:05
Македонија

Села: Заев ќе ја отстранува Ременски, а осомничениот за корупција, Османи му е вицепремиер

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интерјву на ТВ 24 вели дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер.

-Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста.
Случајот Рекет има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на Рекет е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент“, вели Села.

Нови вести

Ципрас до Јункер: Прашање на кредибилитетот на ЕУ е почеток на пристапни преговори со Северна Македонија

Igor

ВМРО-ДПМНE: СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата

Igor

Со реални економски политики и мерки растат платите, минималната плата зголемена за над 60 проценти за само 2 години

Igor