August 12, 2020 22:49
Македонија

Села до Заев и Мицкоски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска владa

Коалицијата „Сега е време” вечерва одржа централен митинг во Струга.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на митингот меѓу другото зборуваше и за идејата на, како што рече, Заев и Мицкоски за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

– Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе создадеме нашата албанска влада, рече Села од Струга.

Претходно, лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши беа во Лабуништа.