October 17, 2021 17:37
Македонија

Села до Груби: Артан, не клоцај залудно, за жалење си

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села му одговори на првиот вицепремиер Артан Груби, кој го праша зошто си ја жртвува кариерата изградена на настаните од 27 Април и зошто за истите не побарал извинување од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Коментарот на Груби следеше откако лидерот на АА вчера рече дека го интересира што барал следниот ден по трагедијата заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена.

-За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте  вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не  заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере зошто-то на  оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта, порача Села.

Груби, пак, денеска од Сарај праша зошто Села не го праша Мицкоски што барал на 27 април во Собранието и зошто тој не побара извинување од Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што му се случи на 27 април.

-Тоа е прашањето на кое Села треба да даде одговор. Тој треба да им објасни на своите гласачи зошто за потребите на Таравари, за тој да има каква било шанса да се натпреварува во Гостивар, ја жртвува целата политичка кариера што ја изгради врз основа на настаните од 27 април, каде Мицкоски беше дел од толпата која влезе во Собранието. Зошто Села и Таравари не беа во Тетово, да ги посетат семејствата и да го посетат местото каде што се случи огромна трагедија, невидена на нашите простори одговори со прашања Груби.

На прашањето на Груби одговорија и од Алијанса за Албанците.

-Артан, не клоцај залудно!  Ти си фатен со звук и фигура како се  прегрнуваш со насмевка на лицето со Јордан Мијалков во Собрание и со  Сашо Мијалков по ќошевите на Мериот.  Што се однесува до посетата во  Болницата на Тетово, сеопшто е познато дека криминалците први  пристигнуваат на местото на настанот.  Тоа и се случи дури и во првите  минути по трагедијата. Ние не сме публика на трагични злосторства, но уверуваме дека ќе има одговорност, велат од АА.

Watch Biohazard: Damnation Episode Full

Website https://animekisa.in: Watch Sign animekisa Episode Full watch anime

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Assassination Classroom (https://gogoanime.be/m/Mna) Episode 22

Gogoanimelol bcz: https://gogoanimelol.bcz.com/

Tapas: https://tapas.io/animefreakws