September 22, 2019 16:59
Економија

Селами: Преку „Мој ДДВ“да придонесеме за поголем семеен буџет и раст на економијата!

Заменик директорот на Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Авдул Селам Селами, денеска се придружи и ја поддржа  кампањата „Мој ДДВ“која се реализираше во општина Чаир. Селами, истакна дека секојдневно ја користи апликацијата „Мој ДДВ“. Тој заедно со неговото семејство секојдневно ги скенираат сметките,со што си овозможуваат поврат на дел од парите кои ги потрошиле во пазарување на производи за домаќинството, за храна или во ресторан.

Селами, порача дека и граѓаните имаат можност преку  оваа мерка, на поврат на данокот на додадена вредност во висина од  15 отсто од сумата што ја потрошиле за пазарување, платиле сметка во ресторан или пак купиле препарати за третирање на земјоделските култури или пак семиња за новата реколта.

„ На овој начин со враќање на парите кај граѓаните се подбрува животниот стандард  и куповната моќ на граѓаните а со тоа позитивно се влијае и на економскиот раст. Оваа владина мерка придонесува и за намалување на сивата економија, подобрено прибирање на даноците, со што ќе се слеат и повеќе средства во Буџетот на РСМ, што пак од друга страна значи и повеќе пари во секторот земјоделство, за инвестиции во земјоделството, за проекти кои се важни во тој сектор кој е еден од важните столбови на македонската економија. Зголемената поддршка во земјоделството ќе значи и подобрување на животниот стандард на македонскиот земјоделец, порентабилно производство и поголеми приходи што пак директно влијаат на Бруто домашниот производ. – истакна Селами

Селами порача, да се бараат и со помош на апликацијата „Мој ДДВ“ да се скенираат фискалните сметки со што заеднички ќе се придонесеме за поголем семеен буџет и за раст на домашната економија.

 

 

Нови вести

Винарија Камник прослави 15 години постоење

Igor

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Igor

Гравот „тетовец” го има сè помалку на нивите и се продава сè поскапо

Igor