September 22, 2019 10:22
Балкан

Секој шести средношколец во Црна Гора е на седативи, според „Јувентас“

Во Црна Гора, секој шести средношколец е на седативи    Околу 17 проценти од средношколците изјавиле дека користат лекови за намалување на стресот, опуштање на мускулите, напнатоста или за лекување на несоница од домашната аптека, меѓу кои ксалол, дијазепам и бенседин, додека 75,5 проценти од младите пробале алкохол, велат од „Јувентас“, пишува „Дан“.

Секој шести средношколец консумира лекови за смирување, ксалол, дијазепам и бенседин за да ги надмине училишните проблеми, стресот и насилството, покажало истражувањето на невладината организација „Јувентас“ во рамки на проектот „Со знаење до здравје“.

Истражувањето исто така покажа дека 38,1 средношколец биле изложени на стрес секојдневно или неколку пати во текот на неделата.

Учениците од прв, втор и трет клас посочуваат дека голем проблем е насилството од врсници, кое најчесто се случува во самата институција или во нејзина близина.

Нови вести

Во Албанија од земјотресот оштетени 109 куќи, седум станбени згради, повредени 68 лица

Igor

Kоштуница предлагал Косово да биде како Хонг Конг

Igor

Околу 70 полесно повредени во земјотресoт во болниците во Тирана и Драч

Igor