October 22, 2021 12:00
Македонија

Секој вторник Санкт Петербург – Скопје, нова авиолинија на „Нордвинд Ерлајнс”

Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.

Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.

По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.

На 4 јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови Москва – Скопје кои наскоро, според најавите, ќе се одвиваат трипати неделно – во понеделник, среда и петок.

„Нордвинд ерлајнс” е една од најдобрите седум руски авиокомпании. Нуди летови во повеќе од 200 дестинации, врши превоз од 95 градови во 20 земји и има над 650 летови неделно. Околу 150.000 патници ги користат нејзините услуги секоја недела. Во 2019 година, пред КОВИД-пандемијата, „Нордвинд ерлајнс” транспортирала скоро осум милиони патници. Авиокомпанијата оперира со 33 авиони „Ербас” и „Боинг”.

Website https://kissanime.mx: Watch Jungle Taitei (1989) kissanime Episode 24 kissanime boruto

AnimeFreak: Sonic X Pilot anime episode 2 online free at https://animefreak.ws animefreak site

Website https://wcostream.cc: Watch Golden Kamuy Season 3 (Dub) wcostream Episode 12 free anime

AnimeTV: Prince of Stride: Alternative (Dub) anime episode 12 online free at https://animetv.cc animetv kimetsu no yaiba

Quan2 hochiminhcity: http://quan2.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopYVBDTHP/DispForm.aspx?ID=766

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx