August 20, 2019 01:09
Економија

Седум отсто од кредитоспособните лица во земјава лани зеле брз кредит

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва.

-Целта е да работиме заедно во обезбедување унифицирани стандарди за квалитет на индустријата и да изградиме контруктивен дијалог со законодавците и надзорните органи, рече денеска претседателот на Асоцијата, Филип Димитровски, кој е извршен директор на друштвото „Тиго”.

Тој соопшти дека секторот на небанкарски финаниски услуги се развива брзо во целиот свет и дека ваков тренд има и во земјата на што укажуваат и бројките на издадени кредити од 4,6 милиони во 2016 година, 17,5 милиони евра во 2017 година и за 2018 очекуваат двојно зголемување во однос на 2017 година.

Најчести корисници на услугите на овие друштва се физичките лица, а Димитров посочува дека тие покриваат седум отсто од кредитоспособното население, односно тоа се група потрошувачи  кои не се услужени во традиционалниот банкарски сектор.

-Нудиме брза, квалитетна и транспарентна услуга, истакнува Димитров, додавајќи дека нема загрижувачки процентот на неможноста за наплата на кредитите.

Вели имаат механизми за проверка на клиентите и дека во случај на не враќање на средствата може да ангажираат надворешна компанија и на крајот со извршител.

Посочија дека за разлика од банкарскиот сектор имаат поголеми трошоци, и дека секторот работи со загуба.

Во земјава првото финансиско друштво почнува да работи во 2011 година. Во моментов се активни 24 друштва, а во асоцијацијата на почеток се вклучени седум друштва, кои денеска потпишаа и Кодекс за добра праса со цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите кои добиле заем или планираат да земат одреден заем од членка на Асоцијацијата. Знакот за сигурност е „Одговорен кредитор”, што ќе биде поставен на видно место во друштвото.

Димитров ги повика да се вклучат во асоцијацијата и останатите друштва и да се приклучат кон кодексот.

Нови вести

Индустриското производство во Германија опаѓа, дали земјата ќе влезе во рецесија?

zane

„Алкалоид” инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети

zane

Пријавен еден случај со отстрелана дива свиња, нема угинати свињи

Daniela