August 4, 2020 05:00
Свет

Седум загинати и 32 повредени лица во две големи сообраќајни несреќи на автопат во Јужна Кореја

Најмалку седум лица загинаа, а други 32 се повредени во две големи сообраќајни незгоди во Јужна Кореја, јави денеска јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални лица.

Германската агенција ДПА информира дека првата несреќа се случила рано утринава кога 10-на возила, вклучувајќи и товарни камиони, се судриле на автопат кај Јеончеон, во провинцијата Северен Гуeнсганг, на околу 300 километри јужно од Сеул.

Според агенцијата, во несреќата учествувале уште околу 20 други возила што возеле зад нив. Во карамболот загинале шест лица, а 14 се повредени.

Втората несреќа случила речиси истовремено,  но на спротивната страна од автопатот, во која учествувале околу 20 возила, соопштија надлежните. Во неа едно лице загина, а 18 се повредени, наведува полицијата, пренесува ДПА.