June 24, 2022 18:50
Македонија

Седници на највисоките раководни тела на СДСМ за составот на новиот владин кабинет

 Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада. Како што потврдија од СДСМ за МИА, седница на Извршниот одбор е закажа за 18 часот, по што во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.

Заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска, во изјава дадена пред божикните празници најави дека во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието.

Лидерот на СДСМ и мандатар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата.

Во интервју за МИА, викендот, Ковачевски вели дека подготовките за новата влада се на самиот крај, а програмата и кадровските решенија се усогласени со коалициските партнери.

-Нашата цел да составиме стабилна Влада со јасни принципи на делување е исполнета. Ваквата Влада ќе значи ефикасност во работењето и стабилност во решавањето на сериозните предизвици кои ни претстојат. Во однос на кадровските решенија, би рекол дека тоа се луѓе кои ги отсликува ефикасноста во работењето, имаат сериозен професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството. Социјалдемократските вредности и пристап во политиката се исто така одлика на новиот тим. Тоа се луѓе кои веруваат во еднаквоста и солидарноста, кои се борат за правата на ранливите, а правичноста е нивна карактерна особина, вели Ковачевски.

Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, тој не кажа имиња, но рече дека станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори.

Претседателот на државата Стево Пендаровски на Ковачевски  му го врачи мандатот за состав на нова влада на 29 декември, по што почна да тече рокот од 20 дена, односно не подоцна од 20-тиот ден во кој мандатарот треба да го достави составот на новиот владин кабинет и на владината програма до Собранието. Ковачевски, по добивањето на мандатот, изјави дека планира владата да ја предложи околу 10-11 јануари, односно во пократок рок од уставно предвидениот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, лани, на новинарско прашање околу постапка за избор на нова влада, изрази надеж дека мандаторот нема да оди во крајните рокови и дека очекува таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот. 

dang nhap go88.vin

máy chủ sunwin ở đầu sunwin ăn sunwin otp