April 15, 2021 10:03
Свет

Североисточниот дел на Австралија погоден од циклонот Ниран

Повеќе од 40.000 домаќинства се без електрична енергијa откако тропскиот циклон Ниран го погоди североисточниот дел на Австралија.

Силниот ветер и обилните дождови урнаа голем број дрвја, оштетија далноводи. Во предградието на Таунсвил делумно се оштетени повеќе згради. Обилниот дожд предизвика и поплави.

Поради невремето затворени се 38 училишта, а жителите на неколку градови на источниот брег на Австралија се предупреддени да се подготват за евакуација.

Според метеоролозите циклонот Ниран во следните два дена нема да загуби од јачината и ќе се движи кон север.