September 24, 2019 11:17
Спорт

Северна Македонија со пад на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентациjа на Северна Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија.

Северна Македонија заедно со Кина е на делба на 73-тата позиција на новата ранг листа.

Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет се уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски следниот меч го игра против Израел на петти септември.

Нови вести

Меси и Роналдо ги скараа Линекер и Морган

Igor

Скола може да ја продолжи кариерата во Европа

Igor

Како гласаа тренерите, капитените, новинарите и навивачите во изборот за фудбалер на годината

Igor