December 8, 2022 23:12
Свет

Северна Кореја денеска лансирала две балистички ракети во Источно Море

Северна Кореја денеска лансирала две балистички ракети со кус дострел во Источното Море, соопшти јужнокорејската армија.

Од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопштија дека лансирањата биле извршени помеѓу 20:48 и 20:57 часот по локално време, од областа Сунчеон во провинцијата Јужен Пјонган.

Лансирањето е извршено откако ден претходно Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел, а потпретседателката на САД Камала Харис допатува во посета на Јужна Кореја.

Армијата на Северна Кореја изврши вежбовно лансирање балистичка ракета и во неделата.