December 9, 2022 23:58
Македонија

СДС лажеше дека ќе направи 550 километри автопат и 1100 километри регионални патишта, за сега да се фали со 70 милиони за локални патишта

СДС лажеше дека ќе направи 550 километри автопат и 1100 километри регионални патишта, за сега да се фали со 70 милиони за локални патишта.

5 ипол години како СДС е власт нема нова инфраструктурна инвестиција.

Автопатот Кичево – Охрид не е мрднат од мртва точка, состојбата е иста како што беше во време на ВМРО-ДПМНЕ. Буквално нема поместување.

Со години го ветуваат автопатот Скопје – Блаце, а заглавија уште на првите неколку метри.

Експресните патишта кои ги почна ВМРО-ДПМНЕ од Штип до Кочани и Штип до Радовиш уште се во фаза на изградба, а за патот кон Прилеп воопшто не се ни зборува.

СДС е тотален дебакл на инфраструктурно поле. Се е застанато 5 ипол години.

Се трошат и до 4 милијарди евра од буџети, а никој не знае на што. Нема ништо видливо, нема ниту еден проект.

Колку подолго СДС е на власт, толку подолга ќе биде агонијата за Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за смена на СДС и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја води Македонија напред.