December 1, 2021 17:28
Скопје

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го обезличија, ограбија и тероризираа Центар

Каква дрскост и ароганција е потребна за Христијан Мицкоски и Котлар да говорат за „урбана мафија” во Центар, поим кој е дефиниција за нивното владеење. Христијан Мицкоски заедно со неговата кандидатка Котлар, требаше да го започнат митингот со едноминутно молчење за масакарот кој му го наносеа на Центар, се вели во реакцијата на општинаската организација на СДСМ и додаваат:
-Да молчат за исчените дрва, да молчат за изградените бетонски чудовишта од Скопје 2014, за насилствата врз граѓаните, за гласачите од Пустец, за притисоците, за изгасените лифотви и за што уште не.
Центарци уште го паметат теророт на ВМРО-ДПМНЕ а општината ги носи лузните од нивното  владеење. Мицкоски и Котлар сериозно се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината.
Се лажат ако мислат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните на Центар уништувајќи им ги населбите, маалата, Водно и се што им доаѓаше пред очи.
Центарци не забораваат како ВМРО-ДПМНе менува ДУП-ови во три часот наутро. Казната за тоа ја добија на 17 октомври кога беа поразени, а ги чека уште поголем пораз на 31 октомври.
Ова ќе се случи затоа што истите луѓе кои го направија целиот криминал во Центар повторно ја бараат довербата на центарци. Никој на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им верува.