December 7, 2021 04:42
Скопје

СДСМ Центар: Котлар во очај од пораз копира проекти од Герасимовски

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар својата безидејност во кампањата овој пат ја демонстрираше преку директно копирање на проектите на Горан Герасимовски.

Откако вчера во ТВ дебатата прв пат дозна дека општината под водство на Герасимовски ќе покрива 50% од оброкот на учениците во сите основни училишта и 50% од трошоците за градинка на родителите, таа денес го ветува истото но само за учениците до петто одделение.
Котлар никаде не ги споменува родителите на децата кои одат во градинка ниту има проект за нив. Таа само набрзина половично ја ископирала програмата на Герасимовски, но немислејќи на сите родители.
Од друга страна програмата на Горан Герасимовски е јасна и осмислена каде без дискриминација се поддржуваат сите родители. Родителите на деца во основни училишта од сите одделенија ќе добијат субвенција до 50% од оброкот, додека сите деца во градинка ќе добијат субвенција до 50% од цената на градинката.
На овој начин едно семејство со две деца  во градинка или училиште заштедува и до 350 евра годишно.