September 19, 2019 13:04
Македонија

СДСМ: Успешно се реализира процесот на гасификација

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки кои обезбедуваат чиста животна средина, како и пониски трошоци за граѓаните. Интензивно се работи на процесот на гасификација на државата, клучна мерка на Владата предводена од СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ.

Заклучно со јули 2019 година завршени се нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола. Овој проект треба да биде завршен до февруари 2020 година.

За капиталниот проект за гасификација на државата, за годинава се издвоени над 1 милијарда и 550 милиони денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.

Процесот на гасификација ќе овозможи намалување на трошоците за енергија, но и намалени емисии на штетни гасови во воздухот што значително ќе влијае на надминување на проблемот со аерозагадувањето.

Владата, министерствата, општините и сите надлежни институции секојдневно се борат против проблемот со загадувањето на воздухот. Во таа насока е и набавката на четири еко-автобуси кои се вклучуваат во јавниот патнички транспортен систем во општина Прилеп.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што ја зголемуваат енергетската ефикасност, обезбедуваат здрава животна средина, помали трошоци за загревање и повеќе пари во семејните буџети.

Нови вести

Прекини во сообраќајот кај Пресека поради минирање

zane

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите

Valentina

Мицкоски, дали Орце Камчев преку негови фирми ја финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Valentina