August 22, 2019 00:51
Македонија

СДСМ: Уништувањето на здравството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт

Уништувањето на здравството заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, денес здравствениот систем се унапредува во интерес на граѓаните, реагира СДСМ на прес-конеференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ кој го повика министерот Венко Филипче, јавно да потврди на македонските граѓани и на неговите пациенти дека, по завршувањето на неговиот мандат како министер за здравство, ќе остане барем 15 години да работи во јавното здравство, и дека нема веднаш по завршувањето на функцијата да продолжи да работи во приватна болница.

„Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство. Заврши времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем. Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите. Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем“, велат од партијата.

Во таа насока, додаваат од таму, е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, велат од СДСМ, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна.

„Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто. Обезбедени се близу 10 милиони евра за изградба на клинички центар во Скопје и Штип, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за ретки болести. Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а итната медицинска помош доби 12 нови возила“, велат од СДСМ.

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor