August 20, 2019 01:04
Uncategorized

СДСМ: Се исправа уште една неправда,2899 вработени во културата добиваат повисоки плати

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани.

Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати почнувајќи од платата за месец април 2019 година.

Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што занчи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати.

Со ова се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.

Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство.

 

 

Нови вести

Илјадници сликања и почесни титули во криминалната невладина сведочат дека Заев, Костадинов и Тредичи се заедно, до гуша во криминалот

Igor

Рибаро со 10 прашања за Героски

24news

Обвинителот Бурим Рустеми ќе даде исказ за „Рекет” во ОЈО

24news