October 30, 2020 06:47
Македонија

СДСМ се грижи и вложува во раниот детски развој, во тек е изградба на нова градинка во Драчево

Општина Кисела Вода предводена од Градоначалникот Филип Темелковски заедно со Советот на општината каде мнозинството е од редовите на СДСМ и коалицијата континуирано работат на подобрување на животот во Кисела Вода.
Во таа насока е изградбата на новата модерна детска градинка во населбата Драчево. Оваа градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, која ќе биде енергетски ефикасна и ќе има капацитет да прими вкупно 125 деца.
Предвидено е да има и паркинг простор, а на површина од 1320 метри квадратни во план е да се изврши партерно и хортикултурно уредување.
Со изградбата на градинката после долги години конечно ќе се реши проблемот на жителите од оваа населба и ќе ги намалиме листите за упис на деца во градинките „8 март” и „Пеперутка 1 и 2″ во Драчево.
Почитувани,
Локалната и ценралната власт предводени од СДСМ постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.
И затоа посветено продолжуваме да работиме во интерес на нашите сограѓани!