November 19, 2019 12:22
Македонија

СДСМ: Секојдневно се потврдува лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневно се потврдува лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. Изјавата на пратеничката Нола Исмајлоска дека услов за да биде на пратеничката листа било да поддржи промена на името го потврдуваат неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавата на пратеничката Даниела Рангелова дека и било кажано дека може да гласа на референдумот, за потоа да биде етикетирана како предавничка е доказ за антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите изјави на пратенички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат лицемерието и лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски. Се потврди уште еднаш дека единствена понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е лицемерие, лажен патриотизам и делување против интересите на државата и граѓаните.
Тоа е истата стара матрица на Груевски, едно зборуваат јавноста друго во реалноста. За тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на изборите на 12 април.
Граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе потврдат дека државата е на прав пат.

Нови вести

(Во живо) Адвокатот на Боки 13 за здравствената состојба на неговиот клиент

Igor

Царовска: Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без документи, ќе може да ги остваруваат своите основни права

Igor

Димитров на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

Igor