September 24, 2019 08:36
Македонија

СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ носеше најнегативни извештаи на Стејт департментот

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава” и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот, денес реформите се препознаени, извештајот е охрабрувачки

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човекови права.

Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, после црни 11 години, конечно нотира напредок во слободат на медиумите и судството.

Во црните 11 години за Република Северна Македонија,време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите.

На пример во 2015 година, токму кога Мицкоски му беше советник на Груевски, главните забелешки на Стејт Департментот беа дека постои директно учество на високи и владини претставници во нелегални активности и корупција, ограничена медиумска слобода и директно мешање во судството.

За разлика од таквите извештаи, извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство.

Извештајот на Стејт Департментот е охрабрувачки и мотивира да се продолжи со реформите, да се надминуваат пречките и да се работи исклучливо во интерес на граѓаните.

Нови вести

Заев на средби со Гутереш и Мицотакис, и на прием кај Трамп

Igor

Нови рочишта за „Титаник“ и „Маџар телеком“

Igor

Комеморативна седница по повод смртта проф. д-р Томе Груевски

Igor