October 15, 2019 22:06
Македонија

СДСМ: Препознаени се реформите, Стејт Департментот констатира прогрес во слободата на медиумите и судството

Според официјалниот извештај на Стејт Департментот на САД за човекови права, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството.

Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристерасно судство.

Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години, стои во овогодишниот извештај.

Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.

Секако дека постојат се уште предизвици и проблеми кои треба да се надминат, на што се работи, но констатациите на Стејт Департментот охрабруваат и мотивираат за уште поголема посветеност.

 

Нови вести

Спасовски во Кичево: Минимална плата расте на 14.500 денари, повисока за 5.500 денари за само 2 години

Igor

Димитров:„Само тој што не весла има време да го ниша чамецот”

Igor

Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава партнер на регионот и светот

Igor