April 15, 2021 01:29
Македонија

СДСМ поздравува што Мицкоски ги промовира повисоките плати во здравството, реновираните болници и достапноста на нови лекови

СДСМ поздравува што Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук ги промовира повисоките плати во здравството, подобрените услови, реновираинте болници и достапноста до нови лекови.
Во прилог неколку факти од изминатите 4 години за следните статуси на Мицкоски, се надеваме дека ќе успее да опфати се:
1.       Повисоки плати за здравствените работници:
–          Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%
–          На медицинските сестри платите се зголемени помеѓу 20% и 23%
–          На општите лекари платите се зголемени за 25%
–          На здравствени соработници платите се зголемени за 15%.
Зголемени се и капитациите за матичните лекари. Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, од 1 октомври 2019 добиваат приближно 15 посто повеќе или 8 денари покачување за капитационен бод.
2.       Нови и реновирани болници:
–          Најстарата зграда на Интерни клиники после 70 години доби комплетно нов лик!
–          Реновирани се хируршките сали на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ. Направена е комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.
–          Реновирани се и одделенијата за Дигестивна хирургија, Универзитетската Клиника за хематологија каде целосно беше  реновиран Одделот за трансплантација, Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје.
–          Клиничкиот центар беше локација со најголем неред, а денес Клинички има сосема нов лик. Решен е проблемот со влезовите и излезите од комплексот, кон градските улици. Реконструирана и рехабилитирана е постоечката улична мрежа. Создадени се услови за движење на итната медицинска помош и амбулантните возила, инвалидизираните лица и лицата кои користат помагала, како и услови за движење со болнички помагала.
–          Отворен и пуштен во употреба е и новиот Ургентен центар во Општата болница во Куманово.
–          Реновиран Центарот за дијабетес при Универзитетската Клиника за ендокринологија.
–          Реновирана е Службата за Итна медицинска помош во Битола и Службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Велес.
–          Реконструирана е Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје.
–          Реконструкција во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид.
–          Во време на пандемија завршени и опремени се 19 монтажни болници во 16 градови, со најсовремени апарати и над 600 кревети.
Дополнително, набавени се 12 возила за Итната медицинска помош, од кои 6 за Здравствен Дом – Скопје со што за 100% е зајакната Итната медицинска помош.
3.       Квалитетни и достапни лекови:
–          Уништен е турскиот инсулин набавен со паралелен увоз , без сертификат, во време на ВМРО ДПМНЕ
–          Воведени се три нови инсулини и дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет.
–          Укинати се квотите за лекови на рецепт со што лековите се достапни за граѓаните секој ден во месецот.
–          За 2 години воведени се пет нови лекови за рфетки болести:  лек за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, лек за апластична анемија, лек за спинална мускулна атрофија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.
–          Обезбедени се биолошки лекови со што за првпат сите жени на коишто им е потребна терапија после операција или без операција на рак на дојка, отсега се покриени со целата терапија којашто им е потребна.
Ова се само дел од фактите коишто на Мицкоски ќе му помогнат на следните фејсбук статуси за да не остане недокажан.