April 20, 2021 12:42
Македонија

СДСМ: Николовски и Мицкоски ги признаа сите криминални злодела на ДПМНЕ предводена од нивните ментори Груевски и Мијалков

Соопштение – реакција на прес-конференцијата на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

 „Христијан Мицкоски и Александар Николовски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, меѓу кои и за случајот „Таргет – Тврдина”.

Мицкоски и Николовски, признаваат се, вклучително и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од нивните ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков нелегално прислушувале и уништувале животи и кариери на неистомисленици.

Од друга страна и Николовски и Мицоски, процесите во судовите ги нарекуваат политички, а обвинетите жртви на политички прогон.

Бидејќи Мицкоски и Николовски ги признаа сите злодела, треба јавно да се извинат на граѓаните и да ги повикаат сите од белиот дворец, сегашни и минати функционери, на соочување со одговорност пред судовите.

4Anime 4anime hunter hunter: The Promised Neverland Episode 12

AnimeDao animedao softonic: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 12 (https://animedao.nl/m/PoM4/ep-12)