January 29, 2023 12:53
Македонија

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадата, цената ја плаќаат граѓаните

 Христијан Мицкоски е тој кој што ги поттикнува блокадите на приватните превозници.

Откако меѓусебно се обвинуваа за рацете во медот откако се испокараа за провизии сега Мицкоски и се реваншира на Данела Арсовска.

Лично Мицкоски најавуваше 100 автобуси за Град Скопје во име на Арсовска.

Денес ги нема ниту автобусите, ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше.

Штетата од сето ова ја плаќаат граѓаните кои утрово се разбудија во блокиран град и без јавен превоз.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат нова катастрофа на Скопје