January 30, 2023 03:10
Македонија

СДСМ: Мицкоски да организира отворени денови во Белиот дворец

Реакција на изјава на Христијан Мицкоки

Мицкоски да организира отворени денови во Белиот дворец

Христијан Мицкоски толку се соживеа со улогата на шпицен градоначалник, што сега најавува отворени денови во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Општините и по Законот за локална самоуправа треба да бидат постојано отворени за граѓаните, но тоа не важи за ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски треба да организира отворени денови во Белиот дворец, во нелегално стекнатата палата на криминалот.

Таму граѓаните да можат да го видат скапиот паркет од 75.000 евра, вазните, лустерите од стотици илјади евра но може и да даваат идеи за тоа како би се искористила луксузната зграда откако ќе биде запленета од државата, затоа што е нелегално стекната и тоа е потврдено со судска пресуда.

За други идеи Мицкоски нема кредибилитет да зборува, општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во главниот град, Скопје покажува колку шпицниот градоначачлник заедно со сите негови градоначалници се неспособни.