January 30, 2023 02:23
Македонија

СДСМ: Левица стана опасна десница а Мицкоски во целосно заложништво на Апасиев

Левица, со својот опасен популизам, антиНАТО и антиЕУ реторика станува се посилен фактор за загрозување на европскиот пат и напредокот на државта.
Левица, која израсна од движења за социјална правда и еднаквост, во борба за гласови, комплетно го смени правецот и стана опасна десница, која на граѓаните се обидува да им продаде евтин популизам.
Опасноста за иднината на сегашните и идните генерации е што Апасиев во целосно заложништво го зема Мицкоски, кој се докажа како слаб политичар без став и визија и идеолошки обезличеното ВМРО-ДПМНЕ.
Пироманите од Левица, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво сакаат државата да ја вратат во неизвеснот и изолација, со внатрешни поделби на граѓаните.
СДСМ и граѓаните нема да дозволат иднината на државата да биде загрозена од лажната Левица и нивниот заложник.