February 23, 2019 20:31
Македонија

СДСМ: Кој и да е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, го чека пораз на претседателските избори

Кој и да е кандидатот на Мицкоски што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, го чека пораз на претседателските избори, велат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на пријавените кандидати за претседател на државата.

„Изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е само фарса, Мицкоски сам ќе си го бира својот фаворит. Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори.Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата, на граѓаните и ќе работи за напредок и иднина во НАТО и ЕУ.

„Пионот Мицкоски и неговиот антизападен кандидат нека се подготват за изборен пораз“, порачуваат од СДСМ.

Related posts

Заев ќе ги посети повредените од автобуската несреќа и ќе присуствува на комеморација во Гостивар

Ivona

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

24info

Обвинителството отвора истрага за полицајката и пајакот, МВР може да ги објави снимките од нападнатата полицајка, тврди адвокатот Давидовиќ

24news