June 16, 2021 17:09
Македонија

СДСМ и Филипче тврдеа дека не треба да се гради здравствена инфраструктура, туку да се инвестира во приватно здравство. Сега манипулираат со 30 страни физибилити студија за нов клинички, што мириса на мега криминал

СДСМ, Филипче и Заев во здравството имаат направено само криминал, корупција и набавки со провизии. Почнувајќи од крвавиот тендер за реагенси, преку тендерот за стерилизацијата, па до провизиите за набавка на кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг. Оттука не само ВМРО-ДПМНЕ туку и целата јавност се противи на сомнителен процес на изградба на Клинички центар кој се базира само на 30 страни стара физибилити студија, без  реален проект, без обезбедена инфраструктура, за кој Филипче и Заев сакаат да потрошат над половина милијарда евра.

Патем, доколку сакаа да направат нешто во јавното здравство имаа цели 4 години и оставен готов проект и финансиска конструкција за изградба на нов Клинички центар. Наместо тоа тие цели 4 години ја замајуваа јавноста, лицитираа со локации за сега да замачкуваат очи на народ со 30 страни физибилити студија, што мириса на тешка коруптивна зделка и мега криминал, затоа што Македонија ја води докажано најкорумпираната влада во Европа.

Да ги потсетиме СДСМ дека само пред две години Филипче зборуваше дека не треба да се инвестира во јавното здравство, во изградба на болници и инфраструктура, туку дека треба да се купуваат услуги од приватното здравство. Ете тој драгоцен период од неколку години кој го изгуби СДСМ народот ги чини многу пари и загрозено здравје и животи. Толку од нивната грижа за здравството и здравјето на граѓаните.

Затоа пак нагласуваме, ако Владата е заинтересирана за инвестирање во јавното здравство, тогаш тоа не мора да го прави преку криминални дејанија, туку нека го поддржи проектот на ВМРО-ДПМНЕ за обновување на Клиничкиот центар Мајка Тереза, за спојување на Воена болница со болницата Букурешт и инвестирање во здравствената инфраструктура низ Македонија и на тој начин ќе се помогне реално на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ има готов проект, власта треба само да го прифати и да ги одобри средствата кои државата ги има за реализација, а тоа значи дека истиот може да отпочне со реализација веднаш.

AnimeTV anime tv shows website: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 13 (https://animetv.cc/m/eWRw/ep-13)

AniWatch anime: Horimiya Episode 13