Скопје

СДСМ инвестира во безбедноста на граѓаните, наместо за пожарникарски, ВМРО-ДПМНЕ можe да зборува само за шпански скали

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, кое повеќе од две децении управуваше со градот Скопје,  го остави главниот град без функционална противпожарна опрема и со криминални милионски трошоци за лесно запалливи фасади од евтин стиропор.

Наместо да набавуваат пожарникарска опрема и скали, ВМРО-ДПМНЕ трошеа милиони евра на непродуктивни и криминални проекти како шпанските скали во центарот на Скопје.

Сега, опозицијата од белата палата шири дезинформации и лажни обвинувања за наводна корупција при набавка на противпожарно возило со автомеханичка скала, кое спасува животи бидејќи овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од петти кат нагоре, кои често остануваат заробени во своите домови, при избувнување пожар на пониските катови.

Возилото е набавено низ транспарентна постапка со меѓународен тендер и е единствено такво не само во Скопје туку и во целата држава и има дополнителна опрема, со која значително се забрзува реакцијата на пожарникарите и  се зголемува безбедноста на граѓаните.

Коце Трајановски, Никола Груевски и неговиот потрчко Мицкоски во текот на владеењето со Скопје и со државата мислеа само како да ги наполнат своите џебови и како ВМРО-ДПМНЕ да стане најбогата партија во Европа.

Тие не мислеа на безбедноста на објектите од „Скопје 2014″, чии фасади беа преоблечени со стиропор, ниту на зградите за кои беше употребен истиот материјал, не мислеа на безбедноста на граѓаните па го оставија главниот град без функционална противпожарна опрема.

На граѓаните им доста од лагите и конструкциите и добро знаат кој се грижи за безбедноста со набавка на противпожарна опрема, а кој ја загрозува со „инвестиции” во запаливи фасади од веројатно најскапиот стиропор на светот.

AnimeDao anime websites: One Piece (Dub) Episode 693

AnimeHeaven animeheavens: Watch The Seven Deadly Sins Episode 11 (https://animeheaven.pro/m/14O/ep-11)