March 5, 2021 07:10
Македонија

СДСМ или лажат или го демантираат Заев кој остави 20.000 ученици без компјутер и без никакво знаење цело полугодие

На СДСМ изгледа треба да им се нацрта дека нивниот партиски лидер Заев во декември месец призна дека 90% од учениците следат онлајн настава, тие 10 проценти се дури 20.000 ученици кои наставата не ја следеле во првото полугодие. СДСМ или лажат или го демантираат својот шеф.

СДСМ го одбележа меѓународниот ден на образованието со 20 илјади ученици кои не добија знаење, затоа што немаат компјутери, додека Заев се луксузира.

На СДСМ не им е гајле што 20,000 дечиња немаат услови да добијат било какво знаење. Власта е тотално рамнодушна што Македонија последниве години ја нема со ниедна образовна институција на Шангајската листа, што реформи во образование се прават по лаги за Финска и по тоа како ќе и текне на Царовска.

Ветувањата за дигитализација во образованието се само сон, додека кровови паѓаат во училиштата од инвестициите кои СДСМ ги направи во образованието.

Владеењето на СДСМ и Заев е систематско уништување на генерации и неспособност да се создаде просперитет во иднина, заради неписменоста која сакаат да ја создадат на долг рок.

Watch Gleipnir (Dub) Episode 6 at website https://kissanimeonline.com kiss anime

Watch Bleach (Dub) Episode 350 (https://animefreak.ws/m/Jlx5/ep-350) at website https://animefreak.ws anime freaks tv