June 17, 2019 17:08
Македонија

СДСМ: Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ пак лаже, Заев не е поврзан со фирмата за која опозицијата денеска лажеше

Врти-сучи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно лажат, велат од СДСМ откако опозицијата денеска информираше дека премиерот Зоран Заев е поврзан со фирма производител на канабис.

-ВМРО-ДПМНЕ нема план, нема програма, нема ниту идеја или предлог за граѓаните па ги продолжува измислените, лажни кампањи на Никола Груевски кои немаат врска со реалноста. Посочената компанија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Канабис ОНЕ Доо Струмица нема никава поврзаност со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш покажаа дека не можат да понудат ништо освен лажни вести и измислици и да конструираат непостоечки случаи. Јавноста, граѓаните веќе ја препознаваат ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажни вести и затоа на претстојните претседателски избори ќе го казнат нивното деструктивно и антинародно однесување, велат од СДСМ.

Нови вести

МВР започна со издавање на новите регистарски таблички со ознака НМК

Filip

Сугарески: Над 100 милиони евра инвестиции за патишта во југоистокот

Filip

Стерјовски побара поголема грижа за Македонците и за сите во најсиромашната област Гора

Igor