August 24, 2019 20:33
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажни вести, нема заразени со антракс

Нов ден, нова лажна вест од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, дезинформации и невистини преку кои се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ како реакција на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ
Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс.
Како што информира и Агенцијата за храна и ветеринарство, засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција, а донесена е и  забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар и нема нови случаи
Грижата на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е лажна и лицемерна. Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.
Денес ВМРО-ДПМНЕ се промовира како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.
Наместо да пласира измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните заради ситни дневнополитички поени.

Нови вести

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници

Igor

ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Igor

Ќе се избира нова компанија за делницата Дреново-Фариш

Igor