December 7, 2022 20:36
Македонија

СДСМ: Владата на СДСМ ги зголеми платите во образованието за 36% во споредба со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за наставниците и образованието.

За само пет години платите на вработените во основното и во средното образование се зголемени за 36 проценти, во споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2017 година платата на околу 32.500 вработени во основното и во средното образование, од кои околу 25.000 се наставници се зголеми за повеќе од една третина.

Само со последното зголемување од септември годинава нивните плати се покачени за 15 отсто.

Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за 11 години, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги уценуваше и понижуваше наставниците, СДСМ го вреднува нивниот труд и им го враќа достоинството.