February 3, 2023 21:18
Македонија Скопје

СДСМ: Виновници за хаосот во Скопје се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Хаосот во главниот град е во режија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на владеачката СДСМ и додаваат:

Сите виновници во тој хаос, од градоначалничката Данела Арсовска, преку претседателот и мнозинството во Советот, до Управниот одбор на ЈСП, па се до Ленин Јовановски, се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Поради лични и бизнис интереси Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ му приредуваат катастрофа на Град Скопје, а граѓаните се оставени без јавен превоз и со закочени сообраќајници.

Наместо во Белиот дворец да измислуваат конструкции и да бегаат одговорност, нека седнат и нека најдат решение за проблемот што тие го создадоа.