February 3, 2023 14:12
Македонија

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им го загорчуваат животот на граѓаните.

Делумно повлекување на блокадата во главниот град не значи и решение за колапсот на јавниот превоз во Скопје кој го создаде неспособната ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалничката, претседателот на Светот, мнозинството во Советот на Град Скопје, директорите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија во Скопје сите се кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за колапсот на сообраќајот во Скопје.

Доста беше изживување врз граѓаните, поради неспособноста на Мицкоски и ДПМНЕ и нивните меѓусебни кавги и пресметки за тендери и провизии.