October 15, 2019 11:15
Македонија

СДСМ: Белиот дворец на ВМРО- ДПМНЕ е споменик за расипништвото и криминалот

Белиот дворец на ВМРО ДПМНЕ е споменик за расипништвото и криминалот.

11 години парите на граѓаните одеа во раскошот, кристалните лустери, фасадите од стиропор и во џебовите на фамилијата.

Наспроти расипништвото на ВМРО ДПМНЕ, кој ги игнорирше граѓаните, а пред се младите, Владата на СДСМ креира квалитетни младински политики.

Само со ребалансот, се издвојуваат 200 милиони денари за поддршка на активните политики и мерки за вработување на младите. Економските политики даваат резултати – расте просечната плата, расте БДП, а стапката на невработеност е на историски 17,5 отсто.

Наместо да глумат лажна загриженост за младите Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да одговорат:

Дали Орце Камчев, тајкун излезен од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Нови вести

Амели де Моншалан: Франција смета дека процесот на преговори треба се реформира

Valentina

Црвен крст: Кампања по повод Денот на гладта (16-22 Октомври)

Valentina

Пендаровски за Die Presse: Дајте ѝ шанса на Северна Македонија

Valentina