Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Санела Шкријељ
СДСМ им се закануваше и ги уценуваше просветните работници кои го користеше уставно загарантираното право на штрајк. СДСМ користеше манипулации и деградирања.
СДСМ ги дискриминираше вработените во детските градинки и им ги скрати априлските плати.
СДСМ ги погази обврските од колективниот договор и сега на крајот се фали со некаков дијалог.
Ај што се неспособни, па уште и се бесрамни.
Сега нудат повисоки плати дури од септември за 15%, иако според колективниот договор тие треба да пораснат за 18%.
Платите на просветните работници сега не се доволни да ги покријат поскапувањата, а како што тргнало до септември покачувањето ќе биде доволно за едно влегување во маркет.