January 29, 2023 14:22
Македонија Скопје

СДСМ:Повлекувањето на Ленин е игра на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да ја прекине блокадата

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Повлекувањето на Ленин Јовановски е само игра на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадите на Скопје и хаосот се политичка режија на Христијан Мицкоски.

Заради лични и бизнис интереси, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во заложништво го држат главниот град.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат сите механизми да ја прекинат блокадата и тоа треба да го сторат веднаш.

Теророт врз граѓаните мора да престане веднаш, а Мицкоски треба да се сокрие од срам за тоа што свесно и намерно му го прави на градот.