October 18, 2019 08:33
Македонија

СДСМ:Мицкоски паѓа сè пониско, злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција

Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа сè пониско. Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција, соопшти СДСМ.

Според партијата, криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет.

„Мицкоски молчеше.Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо.

Затоа неговите однапред снимени обраќања се лицемерни, нереални и полни со лажна загриженост.Борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува, се преземаат сите неопходни мерки. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца”, се додава во реакцијата.

Нови вести

Нови рочишта за „Ласкарци”, „Титаник 3″, „Траекторија” и повторената постапка за „Триста”

Igor

Лидерите на ЕУ се уште без договор за датум за преговори со Скопје и Тирана

Igor

Одлуката за С. Македонија и Албанија ќе се одложи за на пролет?

24news