August 23, 2019 05:24
Македонија

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се подготват за пораз на какви било избори

За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ било обесчестување и обезличување на државата. Не. Антизападните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со историскиот успех на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, по години изолација, уназадување и поделби, Македонија денес е горда исправена, рамноправна со целиот демократски свет.

,,Потпишан е протоколот за пристапување во НАТО, отворен е патот за почеток на преговори со ЕУ, обезбедена е сигурна и безбедна иднина за државата и нејзините граѓани.Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, согласно уставните измени и усвојувањето на протоколот за пристапување во НАТО од страна на Грција, започната е реализацијата на точките од договорот од Преспа и новото уставно име на државата кое ќе биде Република Северна Македонија.Наместо празни обиди за да го девалвираат историскиот успех, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се подготват за пораз на какви било избори”, се додава во соопштението.

Нови вести

Царовска: Се обврзувам дека доследно, чесно и професионално ќе ја извршувам функцијата потпретседател на СДСМ

24news

Заев побара од пратениците итно да го донесат новиот закон за јавно обвинителство

Filip

Коста Петров е новиот потпретседател на СДСМ

Filip