February 19, 2020 18:55
Македонија

СДММ најостро го осудува говорот на омраза на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски

Социјалдемократската младина на Македонија најостро го осудува говорот на омраза и шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, упатени кон министерката за финансии, Нина Ангеловска. Недозволливо е портпарол на парламентарна партија да употребува сексистички изрази и говор на омраза насочен против жените.

Недоличниот и срамен потег на Стоилковски беше осуден од целата јавност, од политичките партии од граѓанските здруженија и движења. Само Христијан Мицкоски молчи и не го осуди вулгарниот чин на неговиот портпарол. Тоа покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Во ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски се уште е присутна матрицата на Никола Груевски. Матрица на навреди, ширење омраза и понижување на жените. Мицкоски мора да излезе и јавно да ја осуди шовинистичката постапка на портпаролот на неговата партија. Во спротивно, ќе покаже дека останува посветен на матрицата на навреди, омраза и поделби. СДСМ останува посветена на градење концепт на едно општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Република Северна Македонија не смее и нема да има простор за дискриминација, шовинизам  и омаловажување на жените.