February 23, 2019 20:30
Хроника

СВР Скопје: Казнети 73 возачи за брзо возење

Во изминатотото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле четири сообраќајни несреќи од кои две со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајките две лица биле полесно повредени.

Сообраќајната полиција казнила 73 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 16 возачи од кои двајца возачи затоа што возеле пијани, 13 бидејќи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Двајца возачи се санкцинирани бидејќи поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 30 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Полицијата казнила и  пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатите денови издадени се 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Related posts

Хорор во Скопје: Жена тепана и силувана од сопругот

24news

Измамен пензионер во Скопје, останал без 5000 евра

24news

Судења за „Тендери“ и „Транспортер“

24news