December 6, 2022 21:24
Македонија

Свеченост по повод доделувањето Орден за заслуги на Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 23 јули 2021 година, петок, на свеченост во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија.

Горан Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство.

Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Република Северна Македонија и во светот воопшто.

 

Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.