January 28, 2022 06:25
Свет

Светските сили ја предупредуваат Русија, Москва вели дека ќе одговори

– Министрите за надворешни работи на НАТО вчера во Рига почнаа дводневен состанок на кој изразија загриженост поради распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница и мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради невообичаено високата концентрација на руски војници во близина на Украина во изминатите неколку недели.

Столтенберг минатата недела истакна дека руската агресија врз Украина ќе има последици. Тој ја предупреди Русија на „последиците” и „цената што ќе ја плати доколку употреби агресија против Украина” со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека Русија ќе биде принудена да дејствува доколку НАТО ги премине „црвените линии” во кризата со Украина, изјавувајќи дека Москва ќе го смета распоредувањето на одредени офанзивни ракетни инсталации на украинска територија како „повлекување на чкрапалото”.

Во говорот на инвестицискиот форум во Москва, Путин изрази надеж дека здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија за сопствената безбедност во врска со Украина, информира „А Њуз”.

– Доколку на територијата на Украина се појават какви било офанзивни системи, времето на летот до Москва ќе биде седум до 10 минути, а во случај на распоредување на хиперсонично оружје – пет минути. Замислете, рече Путин. „Што ќе правиме во вакво сценарио? Тогаш ќе треба да направиме нешто слично во насока на оние кои ни се закануваат на овој начин. А тоа можеме да го направиме сега”, додаде рускиот претседател.

Путин порача дека Русија неодамна успешно тестираше нова хиперсонична ракета што е дел од морнарицата, која ќе биде лансирана на почетокот на новата година. Тој рече дека таа има време на летање до Украина од пет минути, со брзина девет пати поголема од брзината на звукот. Создавањето такви закани (во Украина) ни поставува црвени линии. Но, се надевам дека нема да се стигне дотаму.

– Се надевам дека ќе надвладее здравиот разум, како и одговорноста и за нашите земји и за светската заедница, рече Путин.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди Москва дека секоја повторена агресија врз Украина ќе предизвика „сериозни последици”.

Зборувајќи на прес-конференција во Рига, каде што присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, Блинкен како „невообичаено” го оцени зголемувањето на руските војници и додаде дека „секоја ескалација на руската акција би била голема загриженост за САД”.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека рускиот упад во Украина би бил стратешка грешка, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека руската агресија би предизвикала „сериозни последици”.

Таа истакна дека секој навод оти Алијансата ја провоцира Русија е лажен.

Блинкен посочи дека движењата на руските трупи се „невообичаени” и додаде дека секоја руска акција за ескалација би предизвикала „голема загриженост” во САД.

Во исто време, шефот на британското надворешно разузнавање ги повика разузнавачките служби на земјата да ја напуштат културата на тајност и да соработуваат со технолошки компании во борбата против непријателските земји, криминалците и екстремистите.

Шефот на MИ6, Ричард Мур, во ретко јавно обраќање рече дека непријателите на земјата инвестираат „пари и амбиции во совладување на вештачката интелигенција, квантното пресметување и синтетичката биологија”.

Мур ги идентификуваше Кина, Иран и Русија – со кои Британија ги влоши дипломатските односи – како земји кои предизвикуваат особена загриженост.

Тој во својот говор предупреди дека Русија на претседателот Владимир Путин останува „остра закана”, со оглед на дејствијата на Кремљ на границата со Украина.

– Немаме желба да ѝ се спротивставиме на Русија за да ја поткопаме или опколиме. Но, ќе направиме се што е потребно за да ја зачуваме нашата земја безбедна и да ја одвратиме и одбраниме од целиот опсег на закани што ги претставува Москва, додаде тој.

Исто така, има „многу паралели” меѓу предизвиците што ги поставува Русија, која Британија ја обвинува за двата напади со отров врз противниците во Лондон и југозападна Англија, и Иран, рече Мур.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english dubbed anime Fairy Tail (Dub)

Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 10

animedao AnimeDao How NOT to Summon a Demon Lord Ω

anime website Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

watch anime dub WONDER EGG PRIORITY