December 15, 2019 18:50
Македонија

Светска банка ја препозна социјалната реформа како позитивен пример во регионот

Mинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска се сретна со директорот за социјална заштита во Светска Банка Михал Рутковски и неговиот тим при официјалната посета на Вашингтон, САД. На средбата Царовска и Рутковски разговараа за успешната имплементација на социјалната реформа во Северна Македонија. Министерката Царовска рече дека приорите на Министерството за труд и социјална политика е да продолжи со спроведување на процесите коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните. Рутковски  потенцираше дека Светска банка е подготвена да продолжи со силна поддршка во реформските процеси во социјалната заштита и дека Северна Македонија токму по оваа реформа е препознаена како позитивен пример во регионот.

Посетата на Вашингтон министерката Царовска ја искористи и за средба со потпретседателката  за човечки капитал на Светска банка Анет Диксон. Царовска и Диксон разговараа за потребата Северна Македонија да донесе Национална стратегија за вложување во човечкиот капитал. На средбата беше потенцирано дека државата веќе работи на подобрување на човечкиот капитал со спроведување на длабоки и тековни реформи. Овие реформи се од суштинско значење за инклузивен раст,  бидејќи обезбедуваат еднакви можности за најранливите, како и вложување во раниот детски развој. Министерката Царовска учествува на обуките за социјална работа и заштита коишто се одржуваат во Светска банка. Царовска претходно имаше воведно обраќање на министерската панел дискусија  „Политичко економски фактори во реформите и спроведувањето на социјалната заштита“  во седиштето на Светска банка во Вашингот.

 

Нови вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

zane

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа слаба тројка на македонското образование

zane

Заев: Имавме многу успеси, имавме и слабости, но научивме лекции, тоа е наштето трето правило

zane