January 29, 2023 13:01
Свет

Светска банка: Обновата на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра

Вашингтон, 6 декември 2022 (МИА) – Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми.

– Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и Владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи до европските стандарди, на пример во енергетска ефикасност. Според состојбата заклучно со почетокот на јуни, таа цифра беше 350 милијарди евра, изјави Бјерде.

Според неа, оттогаш таа бројка значително пораснала, приближувајќи се до сегашната оценка.