August 25, 2019 22:23
Спорт

Светската тенисерка број 1 Осака го шутна тренерот Бајин

Светската тенисерка број 1, Јапонката Наоми Осака направи изненадувачка одлука и го отпушти својот тренер Саша Бајин, кој ја донесе до врвот на светскиот тенис.

21-годишната Осака, која минатиот месец победи на Австралија Опен, откако лани го освои САД Опен, се заблагодари на соработката, но не кажа која е причината за разделбата.

„Веќе нема да работам со Саша. Му благодарам за работата и му посакувам сè најдобро во иднина“, напиша Осака на Твитер.

Бајин, кој претходно работеше како тренинг партнер на Серена Вилијамс, Каролин Вознијацки, Слоун Стивенс и Викторија Азаренка во 2018 година беше прогласен за најдобар тренер од ВТА турнејата.

Бајин, кој е Германец со српско потекло, почна да работи со Осака во 2017 година, и ја предводеше од 72. место на ВТА листата во топ 5 во 2018 година.

„Ти благодарам Наоми и ти посакувам само најдобро. Ова беше лудо возење за нас и ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од ова“, напиша тој.

Нови вести

Њукасл му го расипа јубилејот на Покетино

Filip

Несторовски со Удинезе до победа против фаворитот Милан

Filip

Шкендија без победа и по третото коло во новата сезона

Filip